Во рамки на превентивниот проект што се реализира под мотото – “Сигурноста и безбедноста на граѓаните – наша обврска“ денеска (16.12.) полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип, во содејство со Отсекот за превенција при СВР Штип, во Штип реализираа превентивни активности во насока на информирање и превенција на граѓаните од имотни деликти.
Притоа, на повеќе локации и објекти во - обложувалници, златари, колонијални продавници, мобилари, фармацевтски објекти и слично, полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните и вработените во објектите укажуваа на начините како благовремено да се детектираат и превенираат имотните деликти.
Особено беше истакната неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, пред се преку брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192, а дополнително на граѓаните им беа делени едукативни печатени материјали со совети и препораки за превенција од имотни деликти.