Денес (16.12), во насока на превенирање на недозволеното користење на пиротехнички средства - петарди, полициски службеници од од Регионален центар за гранични работи Исток и полициските станици во граничен појас „Делчево “ во основното училиште ,,Св.Климент Охридски" во село Град - СО Делчево, реализираа едукативно предавање на учениците за штетноста од употребата на пиротехничките средства.
Преку практичното полициско исуство на децата им беа презентирани сите факти за штетноста и опасноста од злоупотребата на пиротехничките средства.
Од страна на учениците се изработени ликовни творби со порака до своите врсници и возрасните на тема: „Не користи петарди".