Во пресрет на новогодишните и божикните празници вчера (14.12.) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, во градското подрачје и во близина на градскиот пазар во Битола спроведоа превентивни активности под мотото – “Не користи пиротехнички средства“.
Во непосредна комуникација со граѓаните полициските службеници укажуваа за законските, но и за здравствените последици што ги носи забранетата употреба на пиротехнички средства.
Покрај ова, денеска и од страна на полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Ресен при СВР Битола на истата тема – “Не користи пиротехнички средства“, беше реализирана превентивна активност во две основни училишта во селата Подмочани и Царев двор, ресенско.
Во непосредна комуникација со учениците и вработените во училиштата, полициските службеници ги посочија законските, но и здравствените последици што ги носи забранетата употреба на пиротехнички средства. Воедно, беа нагласени и законските мерки што се преземаат од страна на полицијата, а беше истакната и потребата од поголема контрола на родителите врз малолетниците.