Денеска (13.12.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Охрид во соработка со Црвениот крст Охрид, во основното училиште “Св.Климент Охридски“ во Охрид спроведоа едукативно предавање за учениците од седмо, осмо и деветто одделение од ова училиште, а посветено на штетноста од употреба на пиротехнички средства.
Притоа особено беше потенциран фактот за можните материјални, но и физички последици од употребата на разновидните пиротехнички средства, односно дека употребата на пиротехнички средства може да предизвика тешки телесни повреди, како и траен инвалидитет. Дополнително им беа презентирани и фактите за законските последици од неовластената употребата на пиротехнички средства на јавно место, како поведение казниво со закон. Од страна, пак, на волонтери од Црвен Крст на учениците им беа покажани симулации од настанати повреди од употреба на пиротехнички средства, а во рамки на предавањето им беа и поделени летоци со едукативни содржина.