13 декември 2022

Превентивни активности на СВР Штип

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип денеска (13.12.) реализираа две превентивни активности. Првата во СОУ “Кочо Рацин“ во Свети Николе, каде што полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе реализираа едукативна работилница на тема – “Не користи пиротехнички срества“. Во непосредна комуникација со учениците и вработените во училиштата, полициските службеници укажаа за законските, но и за здравствените последици што ги носи забранетата употреба на пиротехнички средства.

Втората превентивна активност беше реализирана од страна на полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај-Пробиштип, и тоа на повеќе локации во Пробиштип, а на тема посветена на сообраќајната безбедност под мотото “Биди подготвен за безбедно патување во зима“. Притоа, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина за важноста на законската обврска за поседување и за носење зимска опрема во возилото, како од аспект на личната, така и од аспект на безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Истовремено беа потенцирани задолжителните законски норми кои што предвидуваат санкции за неносење или некористење зимска опрема во возилата.