Во рамките на континуираните превентивни активности од проектот “Безбедност во училиштата“, Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров и Полициското одделение Шуто Оризари реализираа две едукативни работилници, едната во ООУ “Страшо Пинџур“ (Ѓорче Петров) и втората во ООУ “Браќа Рамиз и Хамид“ (Шуто Оризари).
Темите на работилниците беа посветени на превенцијата од насилството (физичкото насилство, психичко насилство, меѓуврсничкото насилство, насилство преку социјалните мрежи како и насилството и недостојното однесување на спортските натпревари).
Посебно беше третирана појавата на насилно однесување на учениците во самите училишта и во училишните дворови. Особено беа потенцирани начините и можностите за детектирање и превенирање на овие појави, пред се преку активностите на училишните Клубови на превенција, и со непосредна соработка со наставниците, родителите и секако полицијата.