13 декември 2022

Не користи пиротехнички средства- превентивна активност на РЦ за ГР Север

Регионалниот центар за гранични работи- Север започна со реализација на превентивна кампања насочена против користење на пиротехнички средства, а со која што, согласно подготвениот акциски план, во наредните неколку недели ќе бидат опфатени сите организациони единици во рамки на Регионалниот центар, односно граничните премини, полициските станици за граничен надзор и гранична контрола.

Во склоп на овој акциски план, полициски службеници од РЦ за ГР Север заедно со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево во непосредна комуникација со жителите на населените места што гравитираат околу ПС за ГН Рогачево ги презентираа законските норми и санкции од незаконскиот транспорт и користење на пиротехничките средства, за нарушувањето на јавниот ред и мир, како и за можните штетни последици од употребата на пиротехничкиот материјал.