Во рамки на превентивниот проект што се реализира под мотото – “Сигурноста и безбедноста на граѓаните –наша обврска“ вчера (12.12.) полициски службеници за превенција од Одделението за внатрешни работи Свети Николе при СВР Штип, во Свети Николе реализираа превентивни активности во насока на превенција од имотни деликти.
Притоа, на повеќе локации и објекти во Свети Николе - обложувалници, златари, колонијални продавници, мобилари, фармацевтски објекти и слично, полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните и вработените во објектите укажуваа на начините како да се превенирааат имотните деликти. Особено беше истакната неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192, а дополнително на граѓаните им беа делени едукативни печатени материјали со совети и препораки за превенција од имотни деликти.