Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола при Секторот за внатрешни работи Битола вчера (09.12) во повеќе основни училишта во Битола ја започнаа превентивната кампања под мотото – “Не користи пиротехнички средства“.
Во непосредна комуникација со учениците и вработените во училиштата , полициските службеници укажуваа за законските, но и за здравствените последици што ги носи забранетата употреба на пиротехнички средства.
Посебно во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога пред се малолетниците ги употребуваат овие средства. Исто така им беше укажано за законските мерки што се преземаат, но и за потребата од поголема контрола на родителите врз малолетниците.