Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип и инспектори од ОНТ и ОЕК при СВР Штип, во месноста с.Врсаково и крстосница за с.Драгево во Штип на 09.12.2022 реализираа превентивна средба со граѓани, на тема посветена на нормативните измени во Законот за оружје, а под мотото – “Повик за задолжителна замена на дозволите за поседување и носење на оружје“.
Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните полициските службеници ги презентираа законските новини, особено фактот дека до крајот на јуни наредната година е задолжителна замената на постоечките дозволи за оружје, а се говореше и за законските консеквенци во случај на неблаговремено заменување на дозволите. Исто така на граѓаните им беа делени и едукативни печатени материјали.