10 декември 2022

Користи зимска опрема- превентивна активност на СВР Велес

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, денеска на автопатот А1, односно кај наплатната рампа Виничани-Градско реализираа превентивна активност под мотото – “Користи зимска опрема“.

Притоа полициските службеници во непосредна комуникација со возачите укажуваа на неопходноста од почитување на законските норми по однос на задолжителното носење и користење на зимската опрема во текот на зимската сезона. Воедно на возачите им беа делени едукативни летоци со содржини за важноста на овие мерки кои што примарно се однесуваат на зголемувањето на безбедноста на самите возачи, но и на сите други учесници во сообраќајот.