Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес денеска ја отпочна превентивната кампања што под мотото – “Не користи пиротехнички средства“ има за цел превенција од употреба на пиротехнички средства во пресрет на претстојните празници.
На повеќе локации во градот Велес, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Велес, делеа едукативни летоци за штетноста од нелегалната употреба на пиротехника.
Мотивот на превентивната кампања е на граѓаните, пред се на најмладите, да им се укаже за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници, како и потенцирање на казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните.