06 декември 2022

„Не употребувајте пиротехнички средства“ - превентивна активност на Полициска станица „Деве Баир“ и РЦ за ГР Исток

Денеска ( 06.12.2022) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи - Исток и Полициската станица „Деве Баир“, одржаа едукативно предавање на учениците во подрачните училишта „Јоаким Крчовски" во село Жидилово и село Дурачка Река, на тема: „Превенција од употреба на пиротехнички средства".

На учениците им беше потенцирано дека употребата на пиротехнички средства - петарди, може да има тешки последици -телесни повреди, изгореници, оштетувања на слухот ,видот...и дека употребата и продажбата на пиротехнички средства е казниво со закон.