Денеска (06.12.) полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Охрид во основното училиште “Кочо Рацин“ во Охрид одржаа едукативно предавање со учениците од деветто одделение, на тема - превенција од зависности.
Целта на превентивната активност беше сузбивање на асоцијалното однесување кај младите, нивно информирање за штетните последици од употребата на дрога и негативното влијание кое опијатите и психотропните супстанци го имаат врз младите. На едукативното предавање стана збор и за важноста на превенцијата, во поглед на правовремено детектирање на проблемите, со цел заштита на децата од овие девијантни појави.