Денеска (05.12.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на Охрид, на регионален пат кај село Косел спроведоа превентивна активност под мотото – “Биди подготвен за безбедно патување во зима“.
Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните- учесници во сообраќајот, им беа делени летоци со едукативна содржина за важноста од поседување и носење на зимска опрема во возилата, и од аспект на законски нормирана обврска, но и како неопходност во интерес на нивната лична сигурност и безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.