05 декември 2022

Превентивна активност на ОВР Гостивар за безбедност во училиштата

OВР Гостивар, денеска (05.12) во Општинското средно техничко училиште во Гостивар, започна со реализација на превентивниот проект - “Безбедност во училиштата и меѓуетничката толеранција“ со кој ќе бидат опфатени сите ученици од прва година, кои ја следат наставата на македонски, албански и турски јазик, во сите средни училишта што гравитираат на подрачјето на ОВР Гостивар.

Проектот е од едукативно-информативен карактер во организација на Одделението за превенција при СВР-Тетово, каде што стручно обучени полициски службеници ќе работат со учениците. Целта е учениците, меѓу другото, да се запознаат со законските последици во врска со секое девијантно и асоцијално однесување кај помладата популација. Посебно внимание ќе се посвети на градење на партнерство помеѓу учениците и полицијата за превенирање и избегнување на потешки последици.