Вчера (01.12.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш при СВР Струмица, во соработка со Црвениот крст од Радовиш реализираа превентивна активност со учениците од Средното општинско училиште “Коста Сусинов“ во Радовиш на тема - “Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и никотин“.
Активноста беше спроведена преку едукативно предавање поддржано со видео презентација. Учениците беа запознаени со проблематиката на зависностите, законските реперкусии и секако штетните последици по здравјето на младите што може да ги предизвикаат зависностите.