02 декември 2022

Едукативни работилници на СВР Скопје во Шуто Оризари и Мирковци

Во рамките на континуираните превентивни активности од проектот “Безбедност во училиштата“ на Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициските одделенија Мирковци и Шуто Оризари вчера (01.12.2022) беа реализирани две едукативни работилници, во СУГС “Шаип Јусуф “ (Шуто Оризари) и во ОУ “Александар Урдаревски “ (Мирковци).

Притоа, на работилницата со ученици од основното училиште “Александар Урдаревски“ тема на едукацијата беше посветена на проблемите со зависности од дроги, психотропни супстанци и алкохол, при што преку видео презентација присутните ученици – заедно со членови на училишниот Клуб за превенција беа информирани за сите аспекти, законски, здравствени, социјални... што зависностите ги носат со себе.

На работилницата пак во средното училиште “Шаип Јусуф“ основна тема беше говорот на омраза како девијантно и опасно поведение особено меѓу младите. Притоа беше укажано на препознавање и реагирање на говор на омраза – терминот кој ѓи опфака сите форми на изразување со кои се шири, поттикнува , промовира или оправдува расна омраза, ксенофобија, или други форми на омраза заснована на нетолеранција, родова дискриминација и др.