01 декември 2022

Превентивна активност на ОВР Крушево во врска со промените во законот за оружје

Во текот на вчерашниот ден (30.11) полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Крушево при СВР Битола спроведоа низа на превентивни активности со претставниците на месни заедници, групи граѓани, ловни друштва од наслените места од подрачјето на надлежност на ОВР Крушево: селата Бучин, Пресил и Свето Митрани, а посветени на проблематиката со малото и лесно оружје.

Притоа, полициските службеници уште еднаш ги презентираа законските промени во делот од Законот за оружје со кои е предвидено задолжителна замена на дозволите за оружје најдоцна до крајот на задолжителниот рок – 04.06.2023. Исто така, на жителите им беше поделен и печатен едукативен материјал во насока на доследно почитување и примена на законските одредби.