30 ноември 2022

Превентивна активност на ОВР Свети Николе

По повод Светскиот ден на борба против зависности вчера (29.11.) полициски службеници од Отсекот за превенција при Одделението за внатрешни работи Свети Николе одржаа едукативна работилница во основното општинско училиште “Гоце Делчев“ во Свети Николе, а во соработка со стручната служба, психолог, педагог и дефектолог.

Преку соодветен материјал на учениците им беше презентирано штетното влијание врз човечкиот организам од различните форми на зависност.

Преку низа практични примери дадени од страна на полициските службеници на учениците им беше објаснето за улогата на полицијата како од репресивна така и од превентивна гледна точка, а се со со цел заштита и превенција од ваквите девијантни појави кај младата популација.