Вчера (29.11.) во Секторот за внатрешни работи Велес започна тридневната обука на полициски службеници од оваа организациона единица според програмата за “Комуникација со заедниците“. Оваа обука што се реализира од страна на сертифицирани обучувачи при МВР, а како дел од ИЦИТАП програмата при амбасадата на Соединетите Американски Држави, веќе беше реализирана во Секторите за внатрешни работи Штип, Битола и Охрид.
Целта е полициските службеници кои што ќе ја минат оваа обука да се стекнат со нови вештини и знаења, а во насока на подобрување на квалитетот на полициската соработка со заедницата.