Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, вчера (27.11) реализираа две превентивни активности, првата посветена на темата криволов, а втората по повод Светскиот ден против насилството врз жените.
Така, во рамки на активностите за превенција од незаконски лов беше реализирана средба со претставници на ловни друштва од селата Табановце и Горно Коњаре, кумановско, при што заедно со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот беа презентирани законските норми по однос на “криволовот“, како и неопходноста од доследно почитување на законската регулатива, и во поглед на заштита на ловниот фонд и во поглед на кривичните санкции.
Покрај ова, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден против насилство врз жените, а во соработка со полициски службеници од Полициските станици за граничен надзор Табановце, Долно Блаце и Аеродром, како и со мисијата на ОБСЕ во Скопје, на овие гранични премини на повеќе локации беа поставени и соодветни плакати со информативно-едукативни содржини за подигање на јавната свест и превенција од сите облици на насилство врз жените.