25 ноември 2022

Превентивни активности во Берово и Виница за безбедно учество во сообраќајот

Денеска (25.11) од полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Штип, беа реализирани две превентивни активности, едната во Берово, а втората во Виница.

Притоа, во Берово под мотото “Биди подготвен за безбедно патување во зима“, полициски службеници на повеќе локации во непосредна комуникација со граѓаните укажуваа на важноста од почитувањето на законските одредби поврзани со задолжителното носење и користење на зимската опрема во периодот од 15 ноември до 15 март.

Во Виница, односно во основното општинско училиште “Славчо Стојменски“, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Виница и од Полициското одделение за БПС Штип реализираа едукативна работилница за ученици од четврото одделение од ова училиште, на која децата имаа можност да ги научат основните сообраќајни правила и прописи, а во насока на нивно безбедно учество во сообраќајот како пешаци.