Претставници на МВР- Биро за јавна безбедност денеска (25.11) во Скопје учествуваа на тркалезна маса “Развој на локалните совети за превенција во Република Северна Македонија”, организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а на која учествуваа и градоначалници, преставници на ЗЕЛС и на други институции.
Целта на ваквите активности е да се најде решение како најдобро да се надминат проблемите и пречките во функционирањето на локалните совети за превенција за да можат советите да ја исполнат својата улога и да помогнат во овозможувањето поголема безбедност за заедницата.