Во рамките на превентивниот проект на Одделението за превенција при СВР Скопје - “Безбедност во училиштата“, вчера (24.11.2022) полициски службеници од оваа организациона единица заедно со полициските службеници од Полициските станици за општа надлежност Кисела Вода, Чаир и Драчево и од Полициското одделение Сарај, реализираа четири едукативни работилници во основните училишта “Круме Кепески“ (Кисела Вода), “Петар Здравковски Пенко“ (Чаир), “Марко Цепенков“ (село Зелениково) и “Перпарими“ (село Крушопек).
Притоа темите на едукативните работилници повторно беа фокусирани на појавата на насилство во самите училишта и во училишните дворови. Исто така, на работилниците стана збор и за трговијата со луѓе и како овие појави да се препознаат и превенираат. По завршувањето на работилниците на учениците членови во училишните Клубови за превенција им беа поделени едукативни печатени материјали, летоци и брошури.