Продолжувајќи со превентивната кампања “Безбедност во училиштата“, денеска полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров реализираа едукативна работилница во основното општинско училиште “Страшо Пинџур“ на подрачје на општина Ѓорче Петров .
Во рамки на работилницата со децата од седмо оделение се говореше за најгорливиот проблем со кој децата може да се соочат во и надвор од училиштетот – насилството, и сите карактеристики и форми поврзани со оваа социо-девијатна појава. Полициските службеници разговараа со учениците за меѓуврсничкото насилство, насилството преку социјалните мрежи и насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, како и со можностите и начините истите да се препознаат и превенираат. Особено преку активностите во рамки на училишниот Клуб за превенција.