22 ноември 2022

Превентивна активност на СВР Битола околу замената на дозволите за оружје

Во текот на вчерашниот ден (21.11.) полициски службеници од СВР Битола заедно со полициски службеници од Полициското одделение Новаци спроведоа низа превентивни активности со претставниците на ловни здруженија, претставници на месните заедници и жителите на селата во рамки на општина Новаци, а посветени околу проблематиката со малото и лесно оружје.

Притоа, полициските службеници примарно уште еднаш ги презентираа законските промени во делот од Законот за оружје со кои е предвидено задолжителна замена на сегашните дозволи за оружје, најдоцна до крајот на задолжителниот рок – 04.06.2023 година. Исто така, на жителите им беше делен и печатен едукативен материјал во насока на доследно почитување и примена на законските одредби од Законот за оружје.