22 ноември 2022
Едукативни работилници на СВР Скопје во Чаир и Петровец
Во рамките на континуираните превентивни активности од проектот “Безбедност во училиштата“, денеска (22.11.) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Чаир и Полициското одделение Петровец реализира две едукативни работилници и тоа во основните училишта “Климент Охридски“ на подрачје на Чаир и во “Кочо Рацин“ на подрачје на општина Петровец.
Посебен акцент во текот на работилниците беше ставен на појавата на насилно однесување на учениците во самите училишта и вон училишните дворови, со посебни поуки и информации како сето тоа благовремено да се превенира и спречи.