21 ноември 2022

Превентивна активност на СВР Штип во врска со измените на законот за оружје

Вечра (20.11) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип и инспектори од ОНТ и ОЕК при СВР Штип, во месноста Баргала во Штип реализираа превентивна средба со граѓани, на тема посветена на нормативните измени во Законот за оружје, а под мотото – “Повик за задолжителна замена на дозволите за поседување и носење на оружје“.

Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните полициските службеници ги презентираа законските новини, особено фактот дека до крајот на јуни наредната година е задолжителна замената на постоечките дозволи за оружје, а се говореше и за законските консеквенци во случај на неблаговремено заменување на дозволите. Исто така на граѓаните им беа делени и едукативни печатени материјали.