20 ноември 2022

Користи зимска опрема,биди подготвен за зима-превентивна активност на СВР Битола - ОВР Македонски Брод

Полициски службеници при СВР Битола- ОВР Македонски Брод заедно со полициски службеници од ПС за БПС вчера (19.11) спроведоа превентивно едукативна активност, при што на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина за важноста и обврската за носење на зимска опрема во возилата под мотото “Биди подготвен за безбедно патување во зима”, со цел зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот .