Денеска (19.11.2022) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип заедно со полициски службеници од ПС за БПС Штип, спроведоа превентивно едукативна активност кај наплатната станица кај с.Кадрифаково, Три Чешми и с.Чардаклија, при што на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина за важноста и обврската за поседување и носење на зимска опрема во возилата под мотото “Биди подготвен за безбедно патување во зима”, со цел зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот .