19 ноември 2022

Превентивна активност на СВР Велес

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес вчера (18.11) одржаа едукативна работилница со учениците од прва година од средното стручно училиште “Киро Спанџов Брко“ во Кавадарци, на теми поврзани со врсничко насилство, насилство во училиштата и сајбер булингот.

Основна цел на едукативната работилница беше подобрувањето на севкупната и личната безбедност на учениците во образовно – воспитната установа, како и намалување на сите облици и типови на насилство помеѓу учениците во и надвор училиштето.

Покрај тоа, ваквата едукативна активност во интеракција со учениците имаше за цел превенирање на врсничкото насилство и и запознавање со законската регулатива по однос на овие криминогени појави.