Во текот на минатата недела полициските службеници од СВР Битола и сите ОВР при Секторот за внатрешни работи Битола, спроведоа низа на превентивни активности со претставниците на месните заедници, граѓани и ловни здуженија околу проблематиката со малото и лесно оружје.
Притоа, полициските службеници уште еднаш ги презентираа законските промени во делот од Законот за оружје со кои е предвидено задолжителна замена на дозволите за оружје, најдоцна до крајот на задолжителниот рок – 04.06.2023. Исто така, на жителите им беше поделен и печатен едукативен материјал во насока на доследно почитување и примена на законските одредби.