Вчера (17.11.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово, при СВР Струмица, спроведоа превентивна активност со учениците од прво одделение од основното општинско училиште “Јосип Броз Тито“ во село Пирава, валандовско.
Целта на активноста беше преку едукативната работилница односно предавање, поддржано и со содветно подготвена видео презентација прилагодена на детската возраст, првооделенците да се запознаат со основните сообраќајни правила и прописи. Односно, со оние прописи кои што се важни за децата како пешаци-учесници во сообраќајот: правилно преминување улица, правилно движење по тротоарите...