Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Виница во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска (17.11) во основното општинско училиште “Славчо Стојменски“ во Виница реализираа едукативна работилница на тема – “Безбедно од дома до училиште“.
На работилницата на која што присуствуваа ученици од четврото одделение, преку презентацијата на “Сообраќајниот буквар“ децата беа запознати со основните сообраќајни правила и прописи, особено важни за нив како пешаци - учесници во сообраќајот.