17 ноември 2022

Превентивна активност на ОВР Кавадарци

Денеска полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци на повеќе локации во градот спроведоа превентивни активност “Заштити го домот од кражби-Безбедност на вашиот дом“.

Притоа во неспоредна комуникација со граѓаните, особено оние од повозрасните категории и пензионерите, полициските службеници говореа за проблематиката со тешките кражби во домови, но и со измамите на кои што најмногу се подложни токму пензионерите.

На граѓаните им беа делени и летоци со едукативни содржини за препознавање и превенција од имотните деликти, како и за потребата од соработка и благовремено известување на полицијата заради спречување и откривање на ваквите појави.