16 ноември 2022

Користи зимска опрема- превентивна активност на СВР Велес

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес во содејство со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Велес, денеска на локации на автопатот А1 во правец Градско - Велес реализираа превентивна активност од кампањата за важноста на обврската за користење зимска опрема.

Со цел да се потсетат учесниците во сообраќајот, пред се возачите, за законската обврска што од вчера стартуваше - за задолжително носење на зимска опрема, се до 15 март следната година, полициските службеници во непосредна комуникација со возачите укажуваа на објективната потребата како на употребата на зимската опрема, така и на проверката на нејзината исправност и исправноста на возилата. А се со цел зголемување на безбедноста, како лична така и на другите учесници во собраќајот. Исто така на возачите им беше укажано и за казнените законски одредби што произлегуваат од непочитувањето на задолжителното носење на зимска опрема .