16 ноември 2022

„И јас и ти сме пешаци“- превентивна активност на СВР Охрид

Денеска (16.11.) во Охрид полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид, реализираа превентивна активност под мотото – „И јас и ти сме пешаци“.

Целта на превентивната активност беше зголемување на безбедноста во сообраќајот, фокусирана кон сите учесници во сообраќајот, со посебно внимание кон пешаците ( особено повозрасните граѓани и децата). Притоа, на граѓаните им беа делени едукативно-информативни печатени материјали и им беше укажано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи заради намалување на ризиците од сообраќајни несреќи, односно зголемување на безбедноста во сообраќајот.