16 ноември 2022

Користи зимска опрема- превентивна активност на СВР Куманово

Отсекот за превенција при СВР Куманово, вчера (15.11.) реализираше превентивна активност со граѓаните во централното градско подрачје на Куманово, со цел тие да бидат информирани за обврската за задолжително носење на зимска опрема во возилата во период од 15 ноември до 15 март 2023.

Во непосредна комуникација со возачите, им беше укажано за законската обврска за употреба на зимска опрема, која е задолжителна и се однесува на секое возило што учествува во сообраќајот. При тоа, особено беа истакнати условите односно начините, за употребата на зимски гуми и ланци. Исто така, на возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал, а се со цел подигање на свеста и одговорно и безбедно учество во сообраќајот.