15 ноември 2022

Користи зимска опрема- превентивна активност на СВР Струмица

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица денеска (15.11) на повеќе патни правци на подрачје на општина Струмица спроведоа превентивни активности од зимската кампања – “Користи зимска опрема“.

На возачите на моторни возила им беа поделени летоци со едукативна содржина, преку кои истите се потсетуваат дека од денес стапува на сила законската обврска во возилата задолжително да се носи зимска опрема, која важи до 15 март следната година.

Полициските службеници им укажаа на возачите дека е потребно да ја почитуваат оваа законска обврска, да поседуваат зимска опрема, бидејки со тоа се избегнува било каква непријатност во случај на лоши временски услови, а се заштитува нивната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.