12 ноември 2022

Превентивна активност на ПО Новаци во врска со промените на Законот за оружје

Вчера (11.11.2022) полициските службеници од Полициското одделение Новаци при Секторот за внатрешни работи Битола, во општина Новаци спроведоа превентивна активност со претставниците на месната заедница и жителите од ова место околу проблематиката со малото и лесно оружје.

Притоа, полициските службеници уште еднаш ги презентираа законските промени во делот од Законот за оружје со кои е предвидено задолжителна замена на дозволите за оружје најдоцна до крајот на задолжителниот рок – 04.06.2023. Исто така, на жителите им беше поделен и печатен едукативен материјал во насока на доследно почитување и примена на законските одредби.