Вчера во посета на Секторот за внатрешни работи Куманово беа децата од предучилишната воспитно-образовна установа, градинката “Ангел Шајче“ од Куманово.
Притоа, децата имаа можност да се запознаат со основните средства за работа на полицијата, со секојдневните активности на полициските службеници, а исто така им беше прикажана видео презентација за безбедно движење по улица и тротоар,а им беа поделени и боенки.