Во рамките на континуираните активности од превентивната кампања “Безбедност во училиштата“, денеска полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода и Полициското одделение Петровец одржааа едукативни работилници во основните училишта “Круме Кепески“ (Кисела Вода) и “Кочо Рацин “ во село Петровец.
Темите на работилниците се однесуваа на проблематиката на насилството, односно оние форми од оваа криминогена појава што се појавуваат меѓу младата популација – врсничко насилство, семејно насилство, насилство на социјални мрежи, насилство на спортски натпревари и слично. Посебно беше потенцирано за појавата на насилно однесување на учениците во самите училишта и во училишните дворови и дека овој вид на насилство е една од највидливите форми на манифестирање на агресивност преку физичките напади, тепачки, навреди и омаловажување меѓу врсниците , соучениците, меѓу помалите и постарите ученици како и лица дојдени од надвор во училиштата и како да се превенира оваа појава.
Исто така на работилниците полициските службеници говореа и за важноста од почитувањето на детските права, особено во контекст на училишните Клубови за превенција кои што, меѓу другото, треба да се бават со превенција и заштита на учениците од разните девијатни предизвици пред кои што се соочуваат децата во основните училишта.