Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Ресен при СВР Битола во соработка со Републичкиот совет за берзбедност на сообраќајот на патиштата и полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ реализираа превентивни активности во основните училишта во селата Љубојно и Крани, ресенско.
Притоа на предавањата со учениците од прво и второ одделение полициските службеници говореа на теми поврзани со сообраќајна безбедност на децата како учесници во сообраќајот. Меѓу другото, децата беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи а дополнително им беа поделени и пригодни за нивна возраст – едукативни печатени материјали со содржини насочени кон нивна квалитетна едукација за важноста од почитувањето на сообраќајните правила прописи.