Денеска (08.11.) полициски службеници од Отсекот за превенција при Одделението за внатрешни работи Кавадарци во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивна активност во општинското основно училиште “Димката Ангелов Габерот“ во селото Ваташа.
Во текот на едукативното предавање за учениците од второ одделение од ова училиште, во рамки на темата – безбедно одење и враќање од училиште - на децата им беа презентирани најважните сообраќајни правила и прописи поврзани со нивната безбедност во сообраќајот, а дополнително на сите дечиња им беа поделени наменски печатени едукативни материјали од областа на сообраќајот, заради нивно поквалитетно запознавање со правилата на движење и минување на сообраќајници и безбедно одење и враќање од училиште.