08 ноември 2022

Превентивна активност на СВР Охрид

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со Црвениот крст Охрид денеска (08.11.) во Средното општинско училиште “Св.Кирил и Методиј“ реализираа едукативна работилница посветена на проблематиката со трговијата со луѓе.

На едукативното предавање на кое што присуствуваа ученици од трета година, полициските службеници преку наменски подготвена презентација ги запознаа учениците со сите битни факти околу трговијата со луѓе како криминална форма, како и околу начините на препознавање на овој организиран криминал и заштитата од него.
Воедно, од страна на младите актери –аматери волонтери при Црвен крст Охрид изведена е кратка претстава поврзана со темата, а на присутните ученици им беше поделен и печатен едукативен материјал за превенција.