Во рамките на превентивните активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска (07.11.) беа реализирани превентивни активности во основното училиште “Дитурија “ во општина Сарај.
Притоа беа одржани две едукативни работилници со ученици од вторите одделенија, а на темата – “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, преку нивно запознавање со основните сообраќајни правила и прописи како пешаци.