Согласно годишниот план на МВР за 2022 година, денеска (07.11.2022) во периодот од 09.00 до 13.00 часот во ОВР Кочани е спроведена редовна крводарителска акција на вработените во ОВР Кочани. Оваа крводарителска акција е последна по ред, од планираните три за оваа година, во која се дарувани 25 крвни единици.
Инаку, вкупно, во трите крводарителски акции оваа година вработените во ОВР Кочани даруваа 79 крвни единици.