Во рамките на проектот „Безбедност во училиштата“, денеска Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Бит Пазар и Гази Баба реализираа превентивни работилници во основните училишта „Васил Главинов“ (општина Чаир) и „Стив Наумов“ (општина Гази Баба).
Двете работилници тематски беа фокусирани на “Видовите насилства и нивно препознавање“, при што пред децата беа презентирани низа суштински информации и практични сознанија околу појавните облици на насилството, како и околу можностите и начините за превенирање на насилството во и надвор од училиштето. Новоформираните училишни Клубови за превенција можат да бидат важен фактор во превенирање на насилството и подигнување на нивото на сигурност и заштита за децата.