02 ноември 2022

Превентивна активност на ОВР Кавадарци за безбедност на децата во сообраќајот

Денеска (02.11.) полициски службеници од Отсек за превенција при ОВР Кавадарци во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Кавадарци во основното општинско училиште “Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци реализираа едукативно предавање од областа на сообраќајот, а под мотото “Безбедност на децата во сообраќајот“.

Притоа на ученици oд вторите одделенија полициските службеници им ги презентираа основните правила и прописи од сообраќајот, а важни за децата како учесници во сообраќајот, почнувајќи од улогата на семафорите и пешачките премини, движењето по тротоарите, возењето велосипеди, тротинети и слично, а сето тоа со цел да се запознаат децата - преку почитување на сообраќајните прописи – да внимаваат на својата безбедност во сообраќајот. Исто така, на крајот од работилницата на децата им беа подделени едукативни печатени материјали прилагодени на нивната возраст, со сообраќајни поуки и пораки за нивна безбедност и сигурност.